Денес светот е преплавен со различни видови на електронски уреди, но досега немаме чуено за уред кој со помош на вибрации помага во справување со стресот, анксиозноста и вознемиреноста.
Д-р Дејвид Рабин, создавачот на уредот и ко-основач на компанијата, за Apollo вели: „Сакавме нешто што ќе извадиме од лабораторијата и нема да ги монополизира ушите, рацете или осетот на корисниците. Се надеваме дека овој уред ќе биде прва опција за лечење на депресија. Треба да започнеме со она што има најмалку несакани ефекти а тоа не е Золофт. На крајот на краиштата, ние треба да го вратиме локусот на контрола на корисниците, подалеку од лекарства и нешта за само-лекување“.
Поттикот за создавање на Apollo доаѓа од истражување кое го направил Д-р Дејвид Рабин врз сериозно депресивни пациенти, па така тој и неговиот тим дошле до идеја да создадат уред кој ќе го стават во мала кутија и ќе го адаптираат за корисниците да можат да го носат на рака.
Неколку стотици примероци од самиот уред биле пратени на различни луѓе, како следна фаза од тестирањето, каде откриле дека има приемчива публика кај спортисти, воени лица и директори. Уредот има три режими на работа: „meditation and mindfulness”, „relax and unwind” и „sleep and renewal” и секој од овој режим доаѓаат со различни интензитет на вибрации.