Во јуни 2019 година, Gucci ја обнови својата апликација вклучувајќи аугментативна реалност која им овозможуваше на корисниците виртуелно да ги пробаат нивните Gucci Ace патики. Се што требаше потрошувачите да направат беше да одберат модел од колекциите на брендот, да ја усмерат камерата на нивните стопала и да видат како би им прилегале обувките.

Но модната куќа сега воведе нова експериментална иницијатива во делот Gucci Arcade на нејзината апликација наречена Gucci Sneaker Garage. Апликацијата ќе им овозможи на корисниците да пристапат до серија алатки со кои ќе ги изменат и дизајнираат своите сопствени чевли „Gucci“ засновани на постоечки модели. Силуетата може да се проба или се спари со виртуелни личности или околини дигитално.

Инаку модната куќа цели кон освојување на нови физички неистражени територии. Апликацијата во моментов е достапна само за корисници на iOS.