Можеби не е најнов, но е сосема брзорастечки трендот на елитни онлајн-платформи за избрани луѓе – љубовни апликации за славни, богати, високо-образовани или професионалци вработени во специфична бранша.

Состаноците во живо, во ерата пред интернетот, пред апликациите, веб-страниците за запознавање, чет и секстинг, денес можеби звучат старомодно и помалку „ненаучно“ ( нема алгоритми), особено за генерацијата која расте онлајн.

Да се пронајде љубов во 21-от век, на прв поглед, никогаш не било поедноставно, особено ако верувате во вештачка интелигенција. Онлајн-дејтинг индустријата денес, само во САД е повредна од 2,5 милијарди долари, а ја преводат веќе „опеаните“ Tinder и Bumble ( особено во Велика Британија), со милиони корисници, кои преку избор на алгоритми листаат стотици профили за да ја пронајдат „љубовта на својот живот“.

апликацииРазвојот на овој принцип на запознавање, веќе е насочен кон трендот на специјализирани платформи. На пример: Luxy е апликација која поврзува исклучиво милионери, а лансирана е во 2014 година, под злогласниот слоган „како Tinder, но без сиромашни луѓе“. И додека обичните смртници се прашуваат, кој би бил толкав сноб да се пријави на таква платформа, маркетиншкиот експер од Luxy, Рафаел Краус вели дека како бизнис-модел веднаш се воздигнал.

Имаме два милиона корисници и профитабилни сме од првата година. Апликацијата е бесплатна, но секој нов корисник прво мора да издржи 24 часа во „предворјето“, додека за неговата судбина одлучуваат другите корисници со гласање – кажува Краус.

Потоа, тимот од Luxy повторно го проверува, а само 10 до 15 отсто од пријавените ја поминува апликацијата. Резултат: Повеќе од половината членови заработуваат повеќе од 500.000 долари годишно. Неколку вистински членови на веб-страницата на Luxy служат како модели: Ирина од Франција годишно заработува 350.000 долари, Џејсон од Л.А. околу 250.000, а Роберт од Сиетл околу 750.000 долари. Luxy главно го користат луѓе од 30 до 49 години и иако Краус признава дека не е за секого, ја одбива тезата дека се работи за елитизам.

Тука ќе најдете успешни, добро образовани самци, но кога станува збор за љубовта, парите сигурно не се најважната работа. Сепак, луѓето често бараат партнер кој може да им парира според успехот и платата – ја изнесува директорот на маркетинг, логиката на Luxy.

Luxy е можеби провокативен, но не е единствената фокусирана апликација за дружење на светот. Краус набројува некои креирани само за љубителите на Доналд Трамп, за католици, за оние што дипломирале на престижни универзитети…

апликацииНа пример, Inner Circle е една таква платформа, лансирана во 2012 година во Холандија. Коосновачот Дејвид Вермулен ја добил идејата откако една депресивна вечер сурфал на љубовните веб-страниси и сите му биле без врска. Неговиот Inner Circle е комбинација на Tinder и компанија за организирање настани за своите корисници, како кабаре, поло турнир или дружење на отворање изложби, како и вечери во ресторани.

Ние сме специјализирани за луѓе кои на состаноците им пристапуваат сериозно. Не сакаат да сурфаат по профили, а имаат пари да вложат во состанок во живо со луѓе – објаснил Вермулен, кој не се стеснува да им наплаќа на корисниците за контактирање со други во апликацијата, по 30 фунти месечно.

И добро им оди: имаат околу 20 вработени, 1,3 милиони членови глобално, просечниот член има 31 година, а меѓу нив, истакнува Вермулен, се професионални фудбалери, актери од серијата „Игра на престоли“, директори на ВВС, луѓе од финансискиот сектор, па дури и славни коктел-мајстори. Не открива точно кои, како ни вкупниот профит. Новите членови и на оваа платформа треба да бидат одобрени од веќе постојните, а пресуден е квалитетот на фотографијата, зашто „селфи од бањата овде не е доволен“.

Точно е, тешко дека тука ќе влезат возачи на Uber, или хонорарци од McDonalds, но не правиме сегрегација според годишната заработувачка – кажува Холанѓанецот, додавајќи дека никој во Амстердам не мисли дека тоа е апликација за снобови. За луѓето тоа е уште една апликација за дружење, која ја користат или не.

апликацииВо Америка пак, пред три години заживеа апликацијата која се нарекува The League, а која веќе е проширена и во Велика Британија. Таму за корисниците е важно во која индустрија работата, каде дипломирале и дури – колку конекции имаат на LinkedIn. Немилосрден избор

Тие се рекламираат на следниот начин: „Ви велат дека имате превисоки очекувања? И нека биде така, задржете ги! Tinder можеби е хит, но времето можете да го поминете и попаметно“.

Интересно, алгоритамот на апликацијата гарантира дека корисникот на The League никогаш нема да наиде на профил од пријатели од LinkedIn и Facebook, што претставува ниво на приватност која е пожелна меѓу младите деловни луѓе кои, како што покажуваат истражувањата, сакаат работата и приватниот живот да ги држат одвоени.

апликацииЛажните профили се издвојуваат и се бришат, тврдат авторите. Меѓу избраните апликации е и Toffee, која исклучиво е цел на луѓето кои посетуваат приватни училишта и факултети. Лансирана е минатата година, а првите 7,5 илјади корисници добиле бесплатно членство за првите шест месеци.

Инаку месечната претплата е 5 фунти. Соосновачката Лидија Дејвис објаснува дека и таква минимална членарина ги филтрира корисниците кои љубовните апликации не ги сфаќаат премногу сериозно.

Веќе оваа година ќе имаме приход поголем од 10 милиони долари, а не бараат самци од Австралија, Велика Британија и Јужна Африка, а планираме да се шириме и во Индија и во Нигерија, зашто таму има многу луѓе кои се приватно едуцирани- вели Дејвис и додава: „само сакаме на луѓето да им го олесниме почетокот на љубовната врска“.