Режисерот познат по Hellboy, Pan’s Labrynth, Crimson Peak, доби апартман, инспириран од неговите филмови. Собата го носи името Monster’s Suite, а се наоѓа во Museo de las Artes во Гвадалахара, Мексико. Декорирана е со маски, костурски глави, застрашувачки порцелански кукли и раце кои висат од ѕидовите. Доживувањето го дополнува и палетата на бои која се состои од крваво црвена, црна и златна. Гостите кои ќе ја резервираат оваа соба, добиваат специјална тура од кошмарите на изложбата на Торо, наречена “En Casa Con Mis Monstruos” со 900 инсталации на неговите лични белешки, филмови, предмети. Во 2021 се очекува да излезе и најново дело на Гиљермо дел Торо, Pinocchio.  

Гиљермо дел Торо Гиљермо дел Торо