Anzu Smart Glasses на компанијата Razer покрај тоа што нудат UVA и UVB заштита нудат и интересно аудио искуство. Поради Bluetooth 5.1 подршката овие наочари даваат едно поинакво искуство без разлика дали станува збор за слушање на музика, повици или контролирање на јачината на звукот. Всушност сега менувањето на песните, пуштањето и паузирањето, примањето на повици или активирањето на гласовниот асистент на вашиот паметен уред е овозможен со допир на рамката на овие паметни очила. Покрај овие карактеристики тука е и IPX4 заштитата која значи дека доколку ве фати дожд нема да имате потреба да се грижите за Anzu Smart Glasses. Според спецификацијата батеријата трае пет часа при нормална употреба и дури до две недели во „standby“ режим. За да може да одговара на разни форми на лице овие паметни очила од Razer доаѓаат во две форми и тоа правоаголна или заоблена.