Во ова модерно време стресот не следи секој ден. Многу малку луѓе се свесни дека доколку тој се активира лесно и доколку немате некаков механизам за справување со стресот, тој може да биде многу штетен за вашето здравје. Прагот на толеранција е различен кај секој човек, па поради тоа е многу битно да најдеме начин како да се опуштиме и справиме со стресот.

Но дали сте знаеле дека билијардот е совршена антистрес терапија? Еве неколку причини зошто е тоа така.

Концентрацијата на играта Ве прави посигурни и поурамнотежени, што го подобрува мислењето а сето тоа влијае на ефективноста во работењето. За игра потребни Ви се ментални математички пресметки и проценки, а исто така и координација на рацете и окото. Сето ова го забрзува размислувањето и го остри умот.

Способноста за фокусирање на одредена цел е од суштинско значење за постигнување на целите, па така континуираното играње на билијард ќе Ви помогне да се концентрирате и фокусирате.

билијардИстегнувањата кои ги прават играчите ја подобруваат флексибилноста. Сложените потези кои ги наложува играта ја подобруваат рамнотежата, потикнувајќи ја стабилноста на телото.

Истражувањата покажале дека луѓето кои се вклучени во игри кои бараат концентрација ги учи луѓето да размислуваат јасно и логично, и да се вклучат во акција без никаква паника и хистерија. Поради тоа и билјардот се смета за игра која ни помага во градење на контрола.