Произведен во Франција, Anthenea e пловечки еколошки хотелски апартман кој функционира исклучиво на соларна енергија. Автономната електрична платформа е дизајнирана за еден нов вид на туризам кој ги адресира големиот број на еколошки предизвици на нашето време, вклучително и зголемувањето на нивото на морињата, ефектите на климатските промени, преголемата густина на бреговите и местата кои се претрупани од туризам. Сферичната форма е базирана на принципот на „површински напон“ забележан во природата, кој, според дизајнерите, е оптималната форма за отпор на екстремните услови на водата.

Номадската Anthenea им нуди на гостите шанса да уживаат во подводните пејзажи додека плови во океаните, реките, морињата и езерата. Различните модели ги пресретуваат различните потреби на функционалност, нудејќи опција за луксузен хотелски апартман, спа-соба или простор за настани. Слично како лотосовиот цвет, сферичната платформа е само поставена на вода, додека, благодарение на иновативниот метод на укотвување и фиксирање, не прави никаква штета или пак негативно влијание на подводниот екосистем и околината.

Anthenea

Anthenea доаѓа со прилагодлив сончев покрив, соларни панели, панорамска када и кревет со дијаметар од 220 сантиметри. Платформата е 100-процентно рециклирачка, додека нејзиниот дизајн е студиран да биде отпорна на катаклизми и растот на океаните. Функционирајќи исклучиво на соларна енергија, пловечкиот хабитат се карактеризира со купола со енергетски сензор кој ги пресретнува потребите за електрична енергија и топла вода. Anthenea е опремена со сертифицирани станици за вода кои произведуваат исклучиво чиста вода.