Запознајте ја последната опсесија на 007. Актерката Ана де Армас е новата Бонд девојка во No Time to Die.

Заедно со Хали Бери, Лиа Сејду, Фемки Џенсен и Ева Грин, кубанската убавица Ана де Армас е неодоливата девојка на Џејмс Бонд во најново остварување.

Улогата преку која јавноста ја запозна беше онаа покрај Рајан Гослинг во Blade Runner 2049, а во 2020 година ќе имаме шанса нејзината убавина да ја гледаме покрај Даниел Крег во No Time to Die. 

 

Ова не е прва соработка на Ана де Армас со Даниел Крег. Нивното првенче е мистеријата Knives Out која треба да излезе кон крајот на месец ноември.