Познато е дека Amazon е меѓу првите компании кои се вклучија во кампањата за заштита на животната средина. Дејв Кларк, потпретседател на одделот Worldwide Operations & Customer Service на Amazon, во септември минатата година, објави дека компанијата нарачала 100.000 електрични возила за испорака.

Сега компанијата го претстави првото електрично возило наречено Prime кое ќе врши достава ширум светот. Партнер во овој проект на Amazon му е компанијата Rivian. Предвидени се три различни верзии на возила кои ќе се разликуваат во однос на капацитетот на оптоварување и видот на погонот.