Amazon официјално го претстави својот предлог дизајн за втората фаза од своето второ седиште (HQ2) во Арлингтон, Вирџинија. И покрај фактот дека многу вработени работат од дома, компанијата верува дека HQ2 е долгорочна инвестиција што ќе и помогне во целта да се посвети на создавање 25.000 работни места и „инвестирање 2,5 милијарди долари во Арлингтон во текот на следната деценија“.

Објектот се протега на 260 илјади квадратни метриделовен простор распореден во три згради со 22 ката кој е дизајниран да промовира соработка и интеракција со природата. Целиот проект вклучува еколошки елементи кои ги повикуваат вработените да истражуваат различни начини на работа што ќе ја подобрат нивната благосостојба и ќе помогнат да се изградат посилни врски со локалната заедница.

Климатскиот залог на Amazon е „net-zero carbon“ до 2040 година. Зградите се дизајнирани да бидат LEED Platinum, познато како највисоко сертифицирање за одржлив развој што може да ги издаде U.S. Green Building Council. Amazon сака да додаде целосно електричен систем за централно греење и ладење кој ќе работи целосно на 100% обновлива енергија од соларна фарма со седиште во Вирџинија.

Дизајнерскиот концепт на спирала всушност раскажува за сопствената корпоративна ДНК на Amazon. Среде и околу зградата цветаат дрвја и бујни градини, карактеристични за регионот. Поради заложбите за интегрирање со локалната заедница, тука ќе има и простории отворени за јавноста кои би се користеле за концерти на отворено, филмови и пазари на земјоделци. Со овој проект Amazon сака да создаде еколошка и флексибилна област не само за своите вработени, туку и за заедницата во Арлингтон.