По последиците од Nike кои ги претрпе Amazon минатата година, компанијата најави дека ќе формира единица за спречување на криминалот со фалсификувани производи. Единицата се состои од глобален тим кој вклучува поранешни федерални обвинители, искусни истражители и аналитичари на податоци кои не само што ќе идентификуваат фалсификувана стока, туку ќе ги казнуваат оние што се обидуваат да ја продадат преку нејзината платформа.

Од стоките кои се продаваат на Amazon 52 проценти доаѓаат од трета страна, а само минатата година технолошкиот гигант можел да спречи 2,5 милиони акаунти да продаваат било какви фалсификувани производи. Бидејќи идентификацијата на фалсификувани производи е ризик фактор за компанијата, се превземаат вакви мерки.

„Секој фалсификатор е известен дека ќе бидат одговорни според законот, без оглед на тоа каде се обидуваат да ги продадат своите фалсификувани производи или каде се наоѓаат. Ние работиме напорно за да ги уништиме и отстраниме овие криминални мрежи и им аплаудираме на органите за спроведување на законот кои се веќе дел од оваа борба. Ги повикуваме владите да им дадат на овие власти истражни алатки, финансиска подршка и ресурси што им се потребни за да ги изведат фалсификаторите пред лицето на правдата, бидејќи ова е еден од најефикасните начини за спречување на истите.“ стоеше во изјавата на Дармеш Мехта, потпретседател на секторот за кориснилка подршка во Amazon.