Сонот на Саудиска Арабија да биде новата луксузна туристичка дестинација до 2030 година започнува со Amaala Island. Овој визионерски остров, кој ќе биде крај северо-западниот брег на Саудиска Арабија, ќе биде дел од кралскиот Saudi Vision 2030 амбициозен план кој за прв пат го откри принцот Мохамад бин Салман во 2016 година.
На есен, минатата година оваа земја ги отвори своите врати за меѓународните туристи, истовремено релаксирајќи го нејзиниот кодекс на облекување само за жени кои не се нивни државјани.
Островот од 3.800 квадратни километри ќе биде дом на „ексклузивна уметничка заедница“ и ќе вклучува современа уметничка галерија и академија, како и арапска ботаничка градина исполнета со скулптури.
На островот нема да изостануваат хотелите, бидејќи овој остров ќе е дом на 2.500 хотелски соби и повеќе од 800 станбени вили, станови и домови,околу 200 продавници, ресторани и интересни места за рекреација. Amaala Island ќе биде поделена во три заедници, The Island, The Coastal Development и Triple Bay.