Alva Yacht Ocean Sail 82 е јахта која доаѓа со пакет батерии, кој може да се полни преку соларно или преку пропелерот, или со систем на ќелии со водородно гориво, за драстично намалување на јаглеродниот отпечаток. Создавач на оваа еколошка едрилица е студиото Henndesign со архитектура од Bad Pyrmont и iYacht.

Таа располага со елегантен труп и платформа направена од јаглеродни влакна и е наменета прекуокеански патувања. Електричната конфигурација спојува мотор од 135 kW со пакет батерии кои се полнат од соларни панели или пропелерот на јахтата. Алтернативно, морепловците можат да се одлучат за поставување на водородна ќелија кои овозможуваат нула емисии на штетни гасови.

Дваесетипет метарската јахта располага со дарежлив салон со панорамски поглед, луксузен простор за јадење, простор за релаксација и друго. Четирите двокреветни соби и главната спална можат да примат 10 гости. Alva Yacht Ocean Sail 82 треба да се појави на пазарот до 2022 година.