Брендот кој е познат по создавањето на висококвалитетни куфери, RIMOWA, за прв пат создаде кутија за часовници која чини 2.050 американски долари. Со тежина малку поголема од килограм неговата робусна и крута конструкција би било добредојдено за секој ентузијаст кој има колекција на часовници. Целокупната алуминиумска обвивка има странични, паралелни жлебови, за да може внатрешното куќиште да се лизга и одлево надесно и од десно налево преку две водечки шини.

Затварањето потсетува на магнетно затварање, но тука нема ниту една магнетна компонента. Во внатрешноста има три држачи кои имаат систем за прицврстување и странични алуминиумски ѕидови. Иако цената на оваа кутија за складирање на часовници е висока, сепак висококвалитетните материјали, изработката и самиот бренд, RIMOWA се идеало решение за складирање на уникатна, персонализирана колекција на часовници.