International Automobile Festival (FAI) во Париз ќе го промовира А110 SportsX, инспириран од оригиналното А110 рели возило. Alpine на FAI во Париз ќе се претстави со уште неколку модели, како што се A210 прототипот, Alpine Vision Gran Turismo, A110 1800 Gp4, A110S, како и А110 1300, но засега објави фотографии само од својот необичен A110 SportsX.

Возилото кое триумфираше во 1973 година на Монте Карло релито доби интересен „римејк“ од страна на француската компанија. Станува збор за Alpine A110 SportsX концепт кој доби 60 mm повисок клиренс, проширување на штитниците за кал, со што автомобилот е 80 mm поширок, дополнителни заштитни елементи, багажник за скии, црна хауба и црн покрив, додека погонот и понатаму е само на задните тркала.

Базиран на техничките карактеристики на A110 Pure, А110 SportsX останува верен на ДНК-та на Alpine, а тоа е агилност и леснотија за уживање во возењето.

Прочитајте повеќе на avtoplus.mk