Alfa Romeo во својата гама не може да се пофали со вистински суперавтомобил. Но, ако решат да им парираат на компаниите како Ferrari и Lamborghini, Alfa Romeo Montreal Vision GT е вистинскиот модел за тоа. Барем што се однесува до изгледот.
Концептот за ова супервозило доаѓа од вешите раце на италијанскиот дигитален дизајнер Лука Серафини, кој беше претставен на behance.net
Дизајнот претставува современа реимагинација на ретро Montreal coupe на Alfa Romeo презентирано во 70-те. Серафини, поттикнат од сопственото искуство и моментот кога неговиот татко прв пат во семејната гаража паркирал портокалов Montreal coupe автомобил, го создал овој концепт.