Автомобилите на Jaguar се отсликуваат со долги и заносни облини и изглед по кој е невозможно да не се свртите. Затоа логично е една актерка како ѕвездата на Baywatch Александра Дадарио, да биде заштитно лице на 2019 XJ Special Edition колекцијата.

Фотографиите на едиторијалот ги потпиша фотографот Max Montgomery. Автомобилот е изработен  во само 300 примероци. Има 470 кс и 5.0 литарски V8 мотор, а неговата цена изнесува 85.000 американски долари.