Caviar е руска компанија специјализирана во позлатување на опремата на Apple. На ред дојдоа и Airpods.
На apple.com слушалките на Apple ќе ги најдете по цена од 249 долари, што е доста висока цена за слушалки. Но, руската компанија Caviar, се запрашала како би можела да ја крене цената на слушалките дополнително. На крајот, се одлучиле за екстремен луксуз, па одговорот го нашле во 18-каратното злато.
Не надевајте се дека ќе стигнат до вашите раце, бидејќи во светот постои само еден таков пар засега, а беа продадени за цена од 67.620 долари.
Ако ви е потребна утеха, златото е тешко, па дури и да се најдоа во вашата колекција на Apple опрема, тешко дека ќе беа практични за употреба па немаше ниту да ги користите. Caviar исто така, нудат и обвивање на Apple опрема во крокодилска кожа или кристали, зависно од тоа кој колку екстравагантно се чувствува.