Потребна ви е инспирација за патување? AirBnb ги претставува најинтересните дестинации за одмор и прошетка за 2020 година.

Нивниот избор е резултат на најпребаруваните и најпосетуваните дестинации од страна на корисниците на сајтот. Листата е создадена со споредба и раст на резервации во текот на годините. Според нив, корисниците сè повеќе се интересираат за еколошки свесни дестинации и патувања. Ова е листата на најдобри дестинации за патување во 2020, според AirBnb:

1. Милвоки, Висконсин, САД – Ова место во САД покажува шокантен раст на резервации од 729%. Според AirBnb, има неверојатен избор на барови и ресторани и одлични културни атракции.
AirBnb
2. Билбао, Шпанија – Тука ќе го најдете Гугенхајм музејот на Френк Гери. Градот има неверојатна архитектура и храна.
AirBnb
3.Бурирам, Тајланд – Претставува дом на Phanom Rung комплексот и модерни атракции како MotoGR трката.
4. Санбури,Викторија, Австралија – Архитектурата од викторијанското доба како и винариите кои оставаат без текст, се причина за порастот на резервации од 356 проценти.
5. Романија – Неверојатната историја и историските градби во Романија, се она што ги привлекува туристите кон оваа дестинација.
6. Ксиан, Кина – Ксиан го носи името Музејот на Кина на отворено, благодарение на историските споменици и 30 ноќни тури ширум градот.
7. Јуџин, Орегон, САД – Има неверојатна природа и мисија да ги намали емисиите на штетните гасови на јаглероден диоксид.
8. Луксембург – Оваа мала европска земја во 1994 прогласена за историско место од страна на UNESCO и има неверојатни средновековни замоци, интересни селца и винарии.
9. Гвадалахара, Мексико – Има кулинарска сцена од која ќе ви се заврти умот и неверојатен ноќен живот, првокласни музеи и архитектура.
10. Вануату – Се состои од околу 80 острови и таму се зборуваат над 100 јазици.