Само затоа што не патуваме не значи дека неможеме да пробаме вистинска мексиканска салса. Airbnb ја започна платформата Online Experiences која нуди класични часови во живо преку Zoom. Оваа платформа е опишана како „нов начин за луѓето да се поврзат, да патуваат виртуелно и да заработуваат приходи за време на кризата“.
Во моментов има повеќе од 50 Online Experiences кои обезбедуваат „невиден пристап до инспиративни домаќини“ во повеќе од 30 земји. Искуството трае од еден до два часа и почнуваат од 8 американски долари во зависност од тоа што ќе одберете. Целиот процес функционира на тој начин што, откако ќе резервирате некое „искуство”, ќе добиете линк со детали како и кога да се приклучите, бидејќи обично се прават групни сесии, но секако Airbnb помислил и на луѓето кои сакаат приватна сесија.
Искуствата кои ги нуди се доста интересни, како медитација со будистички монаси, прошетка низ Чернобил, бравење кафе и коктели со експерти, правење тестенини во Рим, учење на тајните на магијата, корејски туторијали за убавина, фитнес и многу други. Па пробајте!