Skynest е концепт кој на патниците од економска класа им дава можност да спијат во текот на летот. Овој проект е резултат на тригодишно истражување и развој во кој биле вклучени 200 клиенти.

Целото истражување се одвивало во нивниот иновативен центар Hangar 22 во Окленд. Секој кревет ќе биде со должина од два метра и широк 58 сантиметри, со завеса за приватност и USB приклучоци. За да можете да ја користите оваа опција ќе треба претходно да направите резервација.

Цената за оваа услуга сеуште не е позната. Бидејќи концептот на функционирање сеуште не е утврден, се разгледува опцијата „timeshare” што би значело патниците да можат да ја користат услугата во часовни блокови.

Мотивацијата за ваков чекор доаѓа од причината што авиокомпанијата работи со најдолгите летови во светот, кои траат по 17 часа, па сака на патниците целото доживување да им го направи по удобно.