Семејството на Air Jordan се проширува со претставувањето на моделот Jordan XXXVI, а станува збор за навистина возбудливи и исчекувани патики кај љубителите на брендот, но и воопшто.

Основан во Чикаго, Air Jordan беше создаден како бренд во 1984 година наменет за еден од најпознатите спортисти на светот, шесткратниот МВП на НБА финалињата и веројатно најдобриот и најголемиот кошаркар кој некогаш зачекорил на кошаркарските паркети. Во тоа време играчот на Чикаго Булс ги носеше првите „хај-топ“ патики – Air Jordan 1 – на теренот пред да добијат глобално лансирање, а истите предизвикаа вистински хаос меѓу неговите фанови и љубителите на патиките.

Брендот напредува и ден денес, и покрај тоа што Џордан се пензионираше во 2003 година, а доказ за тоа е што Jordan има 35 стилови, плус голем број на колаборативни силуети, вклучително оние на Dior и Вирџил Аблоу. Освен тоа, патиките се мега популарни и меѓу некои од најпрепознатливите мажи и жени на денешницата, како Џастин Бибер и Кање Вест до Бела Хадид и Ријана.

Сега со лансирањето на Air Jordan 35 во септември минатата годна, тимот кој стои зад брендот Jordan кој е во сопственост на Nike ги претстави престојните Air Jordan XXXVI. Тимот, кој е предводен од Мартин Лоти, потпретседател на Jordan Brand Design, сакаше AJ 36 да бидат најлесните „џорданки“ досега.

Air Jordan

Иновативен пристап во дизајнот

Веројатно највозбудливиот пар на „џорданки“ од оригиналот во 1984 година, Air Jordan XXXVI се направени од ултралесен, а сепак супер силен жакарден наизменично ткаен горен дел, кој исто така е еден од материјалите кои најдобро дишат и кој се користел за голем број на „џорданки“ во минатото и сегашноста.

Патиките го добиваат и најголемото Zoom Air амортизирање кое досега е видено кај Jordan патики, а е добиено со дизајнот на лентата, во чест на раните стилови на Jordan. „Сакавме да ја споиме лентата и да ја прекриеме подлогата. Притоа, внесовме суптилни детали од Air jordan VI и создадовме алатка која го пренесува трајното влијание на Мајкл во светската култура“, изјави Тејт Кјуербис, дизајнер на патики во брендот Jordan.

Air Jordan XXXVI пристигнуваат со Zoom Air Strobel единица со полна должина зашиена директно на горниот дел, која е поставена над уште една Zoom Air единица. Заедно, тие доставуваат респонзивност со секој чекор каков што нема ниту една друга патика. „Со донесувањето на Zoom Strobel и додавање на уште една Zoom единица под неа, ние работевме со цел да им овозможиме на играчите експлозивност и брзо отскокнување“, изјави Чед Тројер од Jordan.

Air Jordan

Патиките веќе се достапни за нарачка на официјалниот сајт на Nike во повеќе бои, почнувајќи од бела, сива, преку жолта, па се до виолетова и црна. Без оглед дали се занимавате со кошарка или не, дефинитивно ќе сакате да си набавите еден ваков пар во вашата колекција.