Ако мислевте дека Air Jordan имаат висока цена, размислете два пати. Во април пристигнуваат Air Dior. 

Овие патики претставуваат соработка помеѓу Nike и Christian Dior. Се претпоставува дека нивната цена ќе достигне околу 2000 долари и дека ќе бидат привилегија само за високо ситуираните и хедонистите на модата. 

Патиките ќе бидат обоени во сива и бела боја со посебно креирано лого Air Dior па веројатно на прв поглед ќе се знае дека се работи за овие специјални патики. Air Dior ќе бидат специјално дизајнирани со рачна работа и ќе бидат потполно освежување на љубителите на Jordan брендот.