Оваа пролет AI Spacefactory на планетата Земја ќе го постави нивното 3Д испечатено живеалиште кое е наменето за живеење на Марс. Всушност оваа компанија сака да им овозможи на љубопитните гости да го вкусат живеењето на друга планета.
Всушност оваа мулти-планетарна агенција за архитектонски и технолошки дизајн, освои 500.000 американски долари од NASA за својот дизајн за 3-отпечатено живеалиште наречено MARSHA што може да се гради на Месечината или на Марс.
AI Spacefactory додека дизајнирал домови за Марс, сфатил дека производот може да обезбеди и одржливи згради на Земјата. Живеалиштето кое ќе биде поставено во шума во Upstate New York со прекрасен поглед на реката Хадсон се вика TERA, престој во него ќе чини од 175 до 500 американски долари.
TERA ќе биде отпечатена од „биополимер базалт композит“, што е материјал изработен од земјоделски култури како пченка и шеќерна трска, кој според NASA е за 50 проценти посилен и потраен од бетонот. Надворешноста на TERA ја краси дрвена обвивка која ја дели од структурно независната внатрешност.