По 5 години изградба, аеродромот на архитектката Заха Хадид во Пекинг е конечно готов. Оваа структура вредна неколку милиони долари е најголемата едноструктурна градба во светот.

Едно е сигурно. Сè што допрела раката на архитектката Заха Хадид не останува незабележано. Уште една таква градба во списокот беше и Интернационалниот аеродром во Пекинг. Тој претставуваше еден од нејзините последни проекти пред ненадејната смрт во 2016 година. 

Критичарите и фановите чекаа со години, за да ја видат опипливата верзија на нејзината визија, да ги сведочат деликатните бранови на оваа градба. Токму тоа се случи пред некој ден во Кина, кога аеродромот беше конечно готов.

Овој аеродром беше една од 14-те најисчекувани градби за 2019 според Architectual Digest. Втор по големина во Пекинг, аеродромот претставува единствена најголема едноструктурна градба во светот.Се наоѓа на јужната странана градот. Се простира на површина од 650 илјади метри квадратни и се очекува до 2025 да прима 72 милиони патници годишно. На 4-те постоечки писти, до 2040 ќе се додадат уште 4 нови.