Иднината е на прагот, а технолошките достигнувања од ден на ден се повеќе не изненадуваат. AEKLYS by starck е прстен развиен од страна на Филип Старк во соработка со француската компанија ICARE Technologies, кој го поврзува корисникот со неговата околина, односно работи во симбиоза со него.

Идејата на дизајнерот е следење на патот на дематеријализацијата што значи дека ни требаат помалку материјали, помалку производи и повеќе интелигенција и поголема моќ. AEKLYS by starck ја отелотворува оваа идеја со замена на вашите платежни картички, билети за превоз, визит картички и уреди за бесконтактна идентификација.

Со овој прстен вие би биле во можност да купувате производи, да се идентификувате и сето тоа без потреба на хартија и пластика која ја користиме сега. Благодарение на неговата патентирана уникатна технологија и неговиот ултра-ергономски минимален дизајн, овој прстен има постојани развојни употреби што ви овозможуваат зголемена слобода и што е најважно безбедност.