Adidas го продолжува партнерството со франшизата Star Wars и како свое последно издание од оваа соработка лансира ZX 2K BOOST со целосна промена под влијание на Han Solo. Следејќи ги изданијата инспирирани од C-3PO, Boba Fett и Darth Vadar, може да забележиме дека оваа креација има посуптилно отсликување на инспирацијата. Направени од „Core Black” синтетички материјал и TPU овие патики имаат посебен детал кој е карактеристичен за ликот, а тоа е ременот на Han Solo. Под овој детал се крие амблем со ликот на Han Solo зашиен на јазикот од патиката, како и логото „STAR” и „WARS”.