Adidas x LEGO градат партнерство создавајќи целосно нова верзија на легендарната „superstar“ патика. Ова не е прва соработка на двете компании, но овој пат тие соработуваат во два проекта: создавање на оригиналната LEGO superstar патика и поинаков LEGO модел на superstar патиката. Првиот проект се карактеризира со класична црно бела боја, издигната на соодветна платформа, совршено поставени LEGO коцки кои го имитираат моделот. Вториот модел всушност е создаден од коцки дозволувајќи купувачите да ја рекреираат иконската патика користејќи други LEGO елементи, што резултира во колекционерско парче. Моделот е со висина од околу 12 см, должина од 27 см и ширина од 9 см и доаѓа со штанд за изложување. За да се прослави новото лансирање на овие проекти LEGO побара од шест креативци да ја прилагодат сопствената верзија на патики.