Adidas X Allbirds ги презентираа патиките, „FutureCraft.FootPrint“ кои се претставени како перформансни патики со низок јаглероден отпечаток. Една од индустриите која најмногу влијае на загадувањето, покрај ова достигнување, прави напори за создавање на јаглерод неутрални обувки. Во мај 2020 година, двата конкурентни бренда објавија дека ги здружуваат силите да работат на изработка на обувки со најнизок можен јаглероден отпечаток. Целта е здружување на нивните различни технологии, материјални иновации, па дури и нивните синџири за снабдување за да се обидат да развијат јаглерод неутрални патики.
Во изјавата стои дека секој пар е создаден со 63 проценти помалку емисии на јаглерод диоксид. За да се овозможи ова без притоа да се жртвуваат перформансите, во рок од една година сè е повторно измислено, од материјалите до пакувањето до методите на производство. Дел од материјалите кои се користеле при создавање на овие патики се направени со употреба на ниско-јаглеродна природна компонента заснована на шеќерна трска. Првата серија треба да биде лансиран овој месец како серија со ограничено издание од 100 пара. Втората ограничена серија од 10.000 парови ќе биде достапна за сезоната есен/зима 2021 година, пред патиките да бидат масовно произведени за сезоната пролет/лето 2022 година.