Adidas ја презентира зимската верзија на кожените бели Stan Smith патики со Gore-Tex технологијата.

Adidas Originals уште еднаш склопи соработка со Gore-Tex, технологија за производство на водоотпорна текстилна мембрана која дише. Овој пат, нивната цел е верзија на класичните Stan Smith патики, наменети за постудените денови.

Adidas

 

Ова не е прв пат да се оствари ваква соработка помеѓу Gore-Tex и Adidas, меѓутоа станува збор за најнапредната изработка на мембраната Stan Smith x Gore-Tex Infinium Thermium. Оваа мембрана е ултра тенка и интегрирана во предниот дел на патиката, кај чевлите. Тука обезбедува максимална изолација, додека дозволува останатиот дел од ногата да дише. 

Палетата на бои е иста и за зимската верзија. Остануваат обоени во бело, со препозатливото лого во зелена боја. Треба да се појават на пазарот ширум светот од 5 октомври.