Adidas проширувајќи ја палетата на своите додатоци за вежбање, ги создаде Adidas RPD-01 слушалките кои може да се каже дека се дизајнирани за активен животен стил. Боите кои ни ги нуди компанијата за спортска облека се Night Grey, Light Grey и Green Tint. Силиконската нишка која доаѓа позади вратот и е потпора која обезбедува задршка на слушалките ќе ви овозможи одличен тренинг.

Овој дизајн со силикон овозможува и отпорност на вода, додека дванаесет часовното траење на батеријата, со едно полнење, и четирите големини кои се ергономски направени, им овозможуваат на Adidas RPD-01 да служат како сигурна опција за секоја активност.

За напредна функционалност, Adidas подготви далечински управувач со три копчиња за да прескокне песни, паузирате или да се префрли на телефонскиот повик, заедно со можноста да креирате сопствени кратенки за копчињата.