За само неколку месеци, No Time to Die ќе се проектира во кино салите ширум светот. Брендираните парчиња кои се дел од имиџот на Бонд, лесно стануваат омилени на публиката. На оваа „висока мода” придонес ќе даде и Adidas, која во април месец оваа година ќе ги лансира патиките Ultraboost 20 x James Bond 007.

Бонд

Овие патики делумно изработени од рециклирана пластика со мека пета од еластан ќе се појават во црна и сива верзија. Adidas Ultraboost 20 x James Bond 007 се дизајнирани да изгледаат и да се чувствувате убаво во нив. Самите филмови, особено ерата на Даниел Крег, се доста познати по пласманот на производите. Иако Бонд претпочита друг вид на чевли, можеби оваа соработка издава некоја сцена од No Time to Die…