Играњето фудбал со најдобрите фудбалери во светот е сон на секој од нас, но благодарение на Adidas GMR, Google и EA Sports ова сега станува реалност. За да го направите ова се што треба е да го вметнете Adidas GM уредот во специјалните влошки кои ќе ги ставите во вашите патики и секако да ја симнете апликацијата FIFA Mobile.

Adidas GMR

Со напредните алгоритми на Google Learning Jacquard Tag, Adidas GMR ги препознава физичките движења како што се број на удари, моќност на шут, растојание и брзина и ве внесува во игра. Од Adidas велат дека секоја ваша игра во реалниот свет директно ќе се претворат во акција на FIFA Mobile.

Оваа нова и современа технологија и релативно евтина (35 американски долари) е доста иновативна и корисна бидејќи спојува физички фудбал, реални движења и дигитални игри.