Adidas има за цел да го прошири наследството на победници на Adizero со следна генерација на патики со високи перформанси. Претходниот модел славно го носеше кенискиот тркач Ронекс Кипруто кога го сруши светски рекорд во јануари 2020 година.

Јошитори Омори е името на создавачот на овие патики кој е симбол на квалитет и иновација. Термопластичната полиуретанска пена Lightstrike која е позајмена од NXTLVL кошаркарските патики ја исполнуваат средината на Adidas Adizero Pro. Со овој потег патиките овозможуваат експлозивно движење со истовремено балансирано враќање на енергијата.

Adizero

Внатрешниот слој на патиките е составен од Carbitex, слој кој дава флексибилност на стопалото и Celermesh, најтенката мрежа која дава сигурност на стопалата при газење без притоа да додаде тежина на самата обувка. Adidas Adizero Pro ќе се појават на одбрани пазари на 1-ви април, пред официјалното глобално претставување на 15-ти мај.