Триесетиседум годишниот американски актер Адам Драјвер е лицето на кампањата на Burberry за парфемот Hero. Ова е првиот парфем на Рикардо Тици за брендот, за кој ќе рече „ја опфаќа модерната машкост, претставува игра на суштината на примарните човечки и животински инстинкти“. Комбинацијата од Тици, Драјвер и фотографот Марио Соренти може да се каже дека е исклучителна бидејќи успеале да создале неверојатна кампања која ја доловува моќта на мирисот на Burberry.

За улогата на актерот во оваа кампања, Тици ќе рече: „Тој има неверојатна длабочина во артикулирањето на тоа што значи мажественост денес – како силата може да биде суптилна а емоциите јаки“. Burberry Hero претставува „човек во потрага по трансформација и метаморфоза; ново модерено херојство“. Целата приказна некако произлегува од самиот парфем кој е комбинација на топли масла од кедрово дрво, смрека, бергамот и црн пипер. Сите ноти кои се комбинирани суптилно но моќно се трансформираат во прекрасна целина.

Во видео спотот, човекот го пресликува коњот, бидејќи Burberry ги објаснува човекот и коњот како суштества кои „ги туркаат нивните физички граници да се трансформираат во митско суштество – метафора за лична трансформација. Нов човек. Херој“.