Најновиот филм на Brad Pitt, кој го носи насловот Ad Astra своето прво прикажување го доживеа пред публиката на Филмскиот фестивал во Венеција. Фокусот на приказната на филмот е ставен на астронаутот (кој го толкува Pitt) кој патува во вселената обидувајќи се да го спаси светот, но и да го пронајде својот одамна изгубен татко, исто така астронаут.

Ad Astra

Додека врската помеѓу таткото и синот игра голема улога во сценариото на филмот, главниот актер е убеден дека Ad Astra e еден од поновата генерација филмови кои даваат нова дефиниција на тоа како општеството би требало да ја перципира мажественоста.

„ Навраќајќи се наназад, она што навистина ни се допадна кај овој филм, на мене и на режисерот James Gray е дефиницијата на мажественоста. И двајцата сме растени во време кога од нас се барало да бидеме силни, што воедно е добра вредност, но истовремено и бариера која бара да ги сокриеме нештата кои не плашат. Ги криеме и носиме индивидуалните рани и болки. Тука го поставуваме прашањето: Дали постои нова дефиниција на мажественоста, која не тера да сме поотворени, која ќе ни помогне да создадете подобри врски со луѓето кои ги сакаме, со нашите деца и со нас самите?“ изјави Brad Pitt на пресконференцијата во Венеција.

Ad Astra ќе се појави во кино салите во земјава на 19.09. Покрај Brad Pitt, во филмост се појавуваат и Tommy Lee Jones, Ruth Negga и Liv Tyler.