Модниот бренд Gucci за кампањата, за сезоната Есен/Зима 2020 обедини неверојатна група на познати музичари. A$AP Rocky, Tyler the Creator и Iggy Pop прифаќајќи го мотото „Rock Star Life“ ја претставија машката колекција за сезонава. Целата ексцентричност и убавина на оваа кампања во која главни ликови се A$AP Rocky, Tyler the Creator и Iggy Pop, и секако папагалите е доловена  од фотографот Хармони Корине.

Говорејќи за кампањата, креативниот директор на брендот рече: „Резултатот е групна кампања со тројца мажи, за кои верувам дека се забавуваа и јас. Секогаш постои оваа слика на ексцентричност, бидејќи тие всушност се и самите ексцентрични. Исто така, прикажан е одреден вид на забава и идејата за тоа како опсесијата со изгледот може да создаде еден вид заедничка основа што може да стане своевидно братство. Убаво е да се видат овие мажи заедно, навидум различни, но многу слични “.