Клучот за остварување на зацртаните фитнес цели е константноста во вежбањето. Физички трансформации на телото се случуваат само доколку секој изминат ден во фитнес центар ги надминувате своите очекувања и можности.
Следењето на нашиот прогрес е сигурен начин да знаете дека сте на вистинскиот пат. Воочувајќи ги позитивните резултати, станувате помотивирани да продолжите напред!
Сега постојат голем број на фитнес апликации за смартфони кои ќе ви помогнат да си ги остварите вашите цели. Подолу ќе наведам неколку, па вие сами одберете која од нив намногу одговара на вашата цел!
За оние кои сакаат да трчаат
RunKeeper (Android/Apple)
RunKeeper е фантастична апликација за сите оние кои уживаат во трчањето. Може многу лесно и брзо да креирате рута и да ги следите и анализирате вашите перформанси. Оваа моќна апликација многу лесно се поврзува со други апликации и паметни уреди.
C25K: Couch to 5K (Android/Apple)
Оваа апликација ќе ве поттикне да станете маратонец. C25K: Couch to 5K (Android/Apple) е одличен избор за оние кои ќе се одлучат за ваков фитнес предизвик. Може да изберете размични тренинг програми од 0 до 10км. Оваа апликација ќе ве потцетува да не ги прескокнувате тренинзите.
За оние кои ги сакаат фитнес центрите
JEFIT Workout Exercise Trainer (Android/Apple)
За резултатите од оваа апликација да бидат точни и да не се повредите, најважно е да ги изработувате вежбите правилно и да користите соодветно оптеретување. Во оваа аликација има над 1.300 вежби со анимиран приказ за правилно изведување и соодветни совети околу вежбите. Исто така може сами да си креирате фитнес програма и да го следите постигнувањето на вашата цел.
StrongLifts 5×5 (Android/Apple)
Оваа апликације е за оние кои сакаат да креваат тежина. Може да се адаптира кон ефикасно постигнување на повеќе цели како градење мускули, топење масти или силов тренинг. Со оваа апликација ќе добивате инструкции конкретно која вежба да ја изведувате и како да постигнете напредок.
За оние на кои им треба контрола во исхраната
MyFitnessPal Calorie Counter (Android/Apple)
MyFitnessPal е меѓу најпопуларните апликации за следење на калориите. Оваа апликација содржи база на податоци за над 5 милиони намирници. Лесно и брзо може да ги пресметате калориите во рецепти и да ја следите вашата диета.
My Diet Coach (Android/Apple)
My Diet Coach е одлична апликација за почетници кои сакаат да научат да манипулираат со исхраната за да постгнат губење на прекумерна тежина на здрав начин. Оние кои ќе ја симнат оваа апликација ќе добија корисни совети, информации и мотивација да го продолжат својот пат до остварување на идеалната тежина.
За оние кои носат паметни часовници
Garmin Connect™ (Android/Apple)
Garmin Connect е извонредна апликација која содржи многу фитнес податоци. Кога ќе го конектирате вашиот Garmin часовник со оваа апликација, следењето на вашите активности е само почеток на се она што оваа апликација може да ви го понуди.
Може да си креирате сопствен тренинг, и да ги предизвикате колегите или пријателите да се натпреваруваат со вас во исполнување на некоја цел. Во оваа аплилација може да ги следите и квалитетот на сонот, колку калории трошите,ќе имате увид на пулсот, стресот и сл.
Google Fit (само за Android )
Google Fit е одлична апликација за сите оние кои имаат Android паметни часовници. Едноставна е за користење, многу функционална и нејзиното симнување нема да ве чини ништо.