Прашањата поврзани со климатските промени стануваат се побитни. Иако секогаш останува како проблем, ние влеговме во фазата Anthropocene, која претставува геолошка Епоха каде што човечките суштества имаа значително влијание врз геологијата и екосистемите на Земјата. Како најбитен момент покрај подршката на на организациите за климатски промени е и подигање на свеста на луѓето, со појдовна точка едуцирање. Затоа погледнете ги овие документарни филмови за подобро да се едуцираме и да усвоиме промени во нашето однесување па и да превземеме акција.

климатските промениSeaspiracy ги истражува етичките влијанија на комерцијалниот риболов врз животната средина, откривајќи ги скриените импликации врз морскиот живот, заедно со прашањата за човековите права, како трудовото право и кодексот на работа. Има еден сегмент во документарниот филм кој ја опфаќа локалната практика на конзумирање перки од ајкула, проследено со режисери кои соработуваат со рибари, покажувајќи ги последиците од убиството на ајкулите врз морскиот екосистем.

2040 Филмот е структуриран како писмо до својата ќерка, каде е прикажано патување низ целиот свет за да испита бројни решенија за борба против климатските промени. Тој претставува само решенија што или се веќе достапни или имаат реален потенцијал за пресврт на климатските промени до 2040 година, па оттука и самото име. Примерите вклучуваат: Претворање на две третини од ЛА во децентрализирани мрежи за соларна енергија. Една од овие микро-мрежи моментално постои во Бангладеш. Другите вклучуваат алги кои можат да апсорбираат јаглерод и да послужат како храна.

Climate Change – The Facts презентирани од Дејвид Атенборо, е пообразовен документарец кој ги објаснува последиците ако глобалното затоплување се зголеми за 1,5 степени. Покрај екпертските, тој исто така вклучува лични извештаи за пожарите во Калифорнија, екстремните поплави на крајбрежјето во Луизијана и зголемувањето на температурите во Австралија, сликајќи живописни слики за овие разорни ефекти.

 

климатските промениCowspiracy: The Sustainability Secret продуцирано од Леонардо ди Каприо, го истражува влијанието на земјоделското производство врз животната средина. Нагласува како основно решение за климатските промени не е обновлива енергија, туку решавање на системски прашања поврзани со земјоделството на животни.

 

климатските промениRiverBlue нè води на тригодишно патување низ реката околу светот при што се откриваат реалните влијанија на загадувањето од глобалната модна индустрија. Иако документира како реките наводнуваат земјоделско земјиште, исто така предлага техники за обновување на животните и отпадот на водата. Една техника е од миланскиот „Италденим“, кој најде начин како да ги претвори егзо скелетите од школки во премаз за конец за да ги намали хемикалиите потребни за боење на тексас.

Our Planet првиот документарец за природата направен од Netflix. Овој документарец ги прикажува долготрајните импликации на климатските промени врз животинското царство.

 

 

 

климатските промениRacing Extinction го истражува тековното антропогено масовно истребување на видовите. Документиран од оскаровскиот режисер Луи Психојос, филмот прикажува неколку примери на ширење на Homo-sapiens што предизвикува најголемо масовно истребување, а водечките причини се пренаселеноста, глобализацијата и земјоделството.

 

климатските промениDemain (Tomorrow) идентификува примери на решенија за еколошките и социјалните предизвици на дваесет и првиот век во 10 различни земји. На патувањето се прикажани луѓе кои се обидуваат да ја одвратат апокалипсата, концентрирајќи се на работи како што се земјоделството, енергетиката, економијата и образованието.