Сосема неочекувано и без никаква најава, британскиот производител на суперавтомобили, McLaren, го претстави својот најмоќен кабрио модел во својата историја, 765LT Spider, кој ја следи докажаната формула на својот „близнак“ во купе варијанта, комбинирајќи погоно со високи перформанси, лесна каросерија и кабина инспирирана од мотоспортот.

Моќноста се извлекува од препознатливиот битурбо 4,0-литарски V8 мотор на McLaren, што му овозможува на новиот 765LT Spider да развива 765 КС и 800 Nm максимален вртежен момент. Тоа е доволно за кабрио суперавтомобилот да се „катапултира“ од место до „стотка за 2,8 секунди.

McLaren 765LT Spider

Благодарение на моторот и трансмисијата кои се оптимизирани за поголема директност со возачот, 765LT Spider нуди 15 проценти побрзо забрзување во однос на 720S Spider, што значи дека може да достигне од нула до 200 км/ч за само 7,2 секунди. McLaren исто така напорно работеше да се обезбеди зацврстувањето кое е потребно за изработка на кабриолет нема да додаде преголема тежина на возилото. Благодарение на напредната карбонска конструкција која веќе е искористена кај купе верзијата, како и титаниумскиот издувен систем кој е 40 проценти полесен од челик, трансмисиските материјали како од Formula 1 и потенкото стакло, Spider верзијата на 765LT тежи само 49 килограми повеќе од купето.

McLaren 765LT Spider

Новиот McLaren 765LT Spider добива сет на ултра лесни тркала со 10 краци како стандард, обложени со Pirelli P Zero Trofeo R пневматици развиени специјално за него, како и ентериер инспириран од мотоспортот.

Така, не само што пристигнува со карбонски тркачки седишта, карбонски централен тунел, разоткриен карбонски под и Алкантара облога, McLaren толку внимаваше на заштеда во тежината што автомобилот дури не доаѓа ни со радио, ни со клима-уред. Двата елементи можат да се вградат бесплатно.

Исто како и купе верзијата, 765LT Spider ќе биде ограничен на само 765 единици. Производството е веќе започнато, почетната цена ќе изнесува 310.500 фунти во Велика Британија.