Кога сè експлодира одеднаш, знаете дека се работи за филм на Мајкл Беј. Во соработка со Рајан Рејнолд и Netflix, ова е најавата за 6 Underground.
Главните протагонисти на филмот се шест индивидуи од различни страни на светот со една заедничка желба- да го уништат своето минато, како би ја спасиле својата иднина. Секој со свој сет способности, а под водство на ликот на Рајан Рејнолдс, нивната цел е да останат запамтени по своите дела.
Освен Рајан Рејнолдс во филмот се појавуваат и Мелани Лорен, Мануел Гарсија Рулфо, Адрија Арџона, Кори Хокинс, Бен Харди и Дејв Франко.
Филмот премиерно ќе се појави на Netflix на 13 декември оваа година.