Слушанавме многу за 5G мрежата, нејзината брзина и помала латентност. Пристигањето на Qualcomm- виот Snapdragon 855 мобилен процесор треба да донесе на пазарот повеќе 5G телефони. Покрај подобрувањата во перформансите и енергетската ефикасност, Snapdragon 855 вклучува и модем X50 5G.

Qualcomm најави и нов модем X55 кој ќе подржува 5G, 4G и други мрежи но на пазарот ќе се појави дури кон крајот на годината. Единствен проблем во ова е што бенефитот од оваа мрежа во моментов го имаат само 5 држави во светот.

5G

Samsung е првиот производител чии нови уреди подржуваат 5G мрежа. Почнувајќи со новиот Galaxy S10 телефон компанијата најавува повеќе телефони со 5G во 2019. LG ќе се појави на пазарот со својот LG V50 ThinQ, кој е следбеник на V40 ThinQ кој компанијата го лансираше минатата есен. Телефонот ќе има Snapdragon 855 процесор, но исто така и поголема меморија и поголем капацитет на батеријата.

Технички Motorola уште лани пласираше телефон кој може да се поврзе на 5G мрежа, а тоа е Moto Z3. Но има еден мал проблем, за да може телефонот да ја користи мрежата потребен му е Moto Mod, додаток кој се прикачува за задната страна на телефонот.

5G

На овие производители се надоврзуваат и OnePlus, Huawei i ZTE. Но што се однесува до Apple нема информации кога нејзините уреди ќе ги користат можностите на оваа мрежа. Кон крајот на минатата година, Блумберг објави дека Apple нема да излезе со 5G iPhone до 2020 година.