Често знаеме чувството на жед да го поврземе со дехидратација. Некогаш тоа не е причина за чувството на жед. Нормално е по солено јадење да посегнете по вода, но не е природно да чувствувате жед постојано. Некогаш едноставно се потите прекумерно па организмот бара да си ја надополни изгубената вода, но некогаш постојаното чувство на жед е поврзано со други причини како промена на планот на исхрана, симптом на одредени состојби и болести…

Диета со мал внес на јаглехидрати– ако сте преминале на кето режим на исхрана, може да забележите дека сте повеќе жедни од вообичаеното. Ова е еден вид на несакан ефект. Кога значително ќе го намалите внесот на јаглехидрати, гликогенот (изворот на енергија во организмот кој е складиран) е исцрпен. Има околу 3 грама вода со секој грам гликоген. Значи, додека сте на овој тип на исхрана или се обидувате да постигнете кетоза, вие губите вода бидејќи вашето тело го согорува зачуваниот гликоген, што ве прави послаба од нормалното. Па така како се менува метаболизмот, телото претрпува промени во електролитите и рамнотежата на течностите, што резултира со чувство на прекумерна жед.

Сува уста– Состојбата ксеростомија, попозната како сува уста, е состојба кога плунковите жлезди не лачат доволно плунка за да ја зачуваат влагата на устата. Ова може да биде резултат на радиотерапија, конзумирање на одредени лекови, пушење, а некогаш е и одлика на нормално стареење. Некои други симптоми кои ја дефинираат оваа состојба покрај чувството на жед се лош здив и воспалени непца.

Дијабетес– Поради оваа болест глукозата се таложи во крвта, принудувајќи ги бубрезите да работат прекумерно, лачејќи повеќе урина од нормално. Овој симптом наречен полидипсија, е она што се вика прекумерна жед која неможе да се задоволи. Но секако ова не е единствениот симптом на оваа болест. Затоа секогаш е најдобро да се консултирате со лекар.

Анемија– многу често анемичните луѓе чувствуваат жед како еден од симптомите, кои се проследени со други симптоми меѓу кои и слабост и замор. Борбата на телото да произведе доволно здрави црвени крвни клетки, преку кои телото би го добил потребниот кислород, резултира со прекумерна жед бидејќи ќе се обиде да го надополни волуменот на течности.

Повеќе вежбате– зголемено чувство на жед можете да чувствувате и доколку сте засилиле со вежбање. Ако сте поактивни во текот на денот количината на вода што била доволна за вашето тело претходно можеби нема да биде доволна повеќе. Нормално колку телото повеќе се поти потребно е поголемо количество на вода. Според експертите вода треба да пиете 15 минути пред вежбање, и по околу 240 милилитри на секои 20 минути вежбање како би останале хидрирани.