Ако планирате да купите парфем, не секогаш треба да тргнете од тоа што ви се допаѓа на вас. Пробајте да истражувате. На пример производителите на парфеми прават многу истражувања, од кои едно е како жените реагираат на тие мириси. Од истражувањата кои биле направени еве ги петте мириси што жените ги сметаат за најпривлечни.

1. Sandalwood Доколку имате пријател во Индија можете да го прашате за популарноста на маслото од сандалово дрво… Ова есенцијално масло е исклучително скапо и се користи за широк спектар на намени. Маслото има топла, дрвена, слатка и богата арома, која не само што смирува, туку предизвикува возбуда и на моменти е примамлива и доста еротска. Поради својата неверојатна арома, маслото од сандалово дрво е исто така главна состојка во неколку сапуни и лосиони за тело.

2. Rose Најчесто поврзан со романса и љубов, што и не е далеку од вистината бидејќи според експертите е поврзан со срцевата чакра и ни овозможува да ја чувствуваме љубовта поживописно. Дури, Афродита, грчката божица на љубовта, се поврзува со овој миризлив цвет. Овој мирис дава слатка но силна арома, која дури ги балансира женските репродуктивни хормони и со тоа го прави брачниот живот на паровите повозбудлив.

3. Ylang-Ylang Есенцијалното масло од иланг-иланг има тежок, сладок и овошен мирис. Во ароматерапијата се верува дека поседува својства за ослободување од стрес и подигање на расположението. Мирисот на иланг-иланг веќе долго време се смета за афродизијак, а се верува и дека маслото за масажа со мирис на иланг-иланг е ефикасен локален лек за сексуална дисфункција.

4. Jasmine Уникатниот цветен мирис на есенцијално масло од јасмин е егзотичен и топол, сладок и романтичен. Користен како антидепресив, антисептик…ова масло е многу користено и како афродизијак. Знаеме дека вдишувањето на јасмин или неговото користење во масажа го подобрува расположението и ги зголемува романтичните и позитивните чувства, како и нивото на енергија. Познато е и дека овој мирис делува на зголемен проток на крв во пенисот. Па така без разлика дали вие или вашиот партнер мириса на јасмин…води кон „магија“.