Со цел да се реши проблемот со растечкиот пластичен отпад, Oliver Cabell лансираше линија на патики, Phoenix, кои се направени од рециклирана пластика. Phoenix, доаѓа како резултат на две годишно истражување и развој.
„Целта на компанијата е да се задржи добриот дизајн и квалитетните материјали, истовремено водејќи се по патот на општествено свесни бизниси. Годишно се произведуваат над 300 милиони тони пластика, од кои само 9 проценти се рециклираат а остатокот останува на планетата засекогаш. За да ја заштитиме планетата наместо да произведуваме пластика треба да се ориентираме кон користење на она што е веќе тука”- објаснува Скот Габриелсон, основач на Oliver Cabell.
Процесот на создавање на овие патики започнува со седум пластични шишиња што се стерилизираат, мијат и се сечат снегулки кои подоцна во вид на предиво преминува на 3D машина за печатење. Една од предностите покрај удобноста и добриот дизајн е и можноста овие патики да ги перете во машина. Phoenix во моментов се достапни во две бои, црна и бела, и може да ги имате за 95 долари.