Можете ли да се замислите себе си како живеете во куќа која може да биде 3D испечатена, отпорна на временските услови и лесно пренослива? Сето тоа по цена на еден нов автомобил. Serendix Partners вложуваат сериозни напори во сето ова како еден вид на одржливо идно живеалиште.
Оваа куќа е лесна, но доволно цврста и чини 3 милиони јени, односно 28.500 долари. Истата е дизајнирана од страна на јапонскиот архитект Масајуки Соно, победник на NASA 3D предизвикот за домување од 2015 година. Овој дом, кој е ориентиран кон иднината, има форма на сферична саќе ќелија. Големината е навистина скромна, има само 30 квадратни метри, но секој сантиметар во неа е оптимизиран за да понуди еден навистина пријатен простор за живеење.
Овој футуристички дизајн за куќа решава многу прашања со кои се соочува домувањето денес. Според Serendix Partners, фирмата која го разви овој концепт, намалениот број на столари занаетчии, особено во Јапонија, ги зголеми цените на традиционалните градби. Доверувањето на изградбата на оваа структура на роботите кои печатат во 3D технологија, со што се намалуваат трошоците за изградба на нови домови. А со ова, времето за изградба, која е целосно автоматизирана и со тоа многу „пофлуидна“, според компанијата, изнесува само 24 часа.
Покрај времето на производство и трошоците, оваа куќа има и други предности во однос на традиционалното домување, а тоа е отпорноста на природни катастрофи како земјотреси и тајфуни. Исто така, оваа куќа може лесно да се транспортира – што е навистина огромна предност во време на глобално затоплување.
Компанијата започна со резервирање на патенти за овој дизајн во 2020 година. Сега, една година подоцна, Serendix Partners го најави својот прв 3D-печатен прототип на куќа.