Дали некогаш сте наишле на цртеж на улицата или тротоар што на прв поглед изгледа чудно, но кога ќе се погледнете од одредена точка изгледа реално и фантастично. 3D графитите без разлика дали се изработени од креда или боја, на улица или ѕид претставуваат нов начин на комбинирање на ренесансните уметнички техники и мајстории со уличната уметност.

Уметниците кои стојат зад овие дела им даваат на графитите ново значење што неможе да се поистовети со вандализам туку со уметност. Луѓето како Курт Венер, Едуардо Релеро и Трејси Ли Штум создаваат улична уметност која е толку неверојатна што е речиси невозможно да се помине без да застанете, соживеете и заљубите во истата.

Популарноста на 3D уметноста се зголеми со доаѓањето на интернетот, а во поново време многу значајни брендови ја користат љубопитноста на јавноста осврнувајќи се кон 3D уличните слики кои ги користат во кампањи за свои производи.