Благодарение на 11 Ravens сопствениците на Rolls Royce автомобили сега имаат можност да поседуваат рачно изработена билијард или пинг-понг маса обложена со злато. Американска компанија специјализирана за правење на луксузен мебел, нуди специјална верзија на маса која ќе ја произведе само во пет примероци направена од алуминиумски рамки, црни Lucite панели обложени со 14-каратно злато, украсени со кристали.

Оваа маса поради променливиот горен дел може да се користи и за играње на пинг понг или едноставно како терпезериска маса. За првичната намена на оваа маса се изработени специјални топки и стап. Како услов за да купите ваква маса е да имате 250.000 американски долари и во моментов да бидете сопственик на Rolls Royce автомобил.