Земјите во се поголем број ги воведуваат новите ковид-пасоши, благодарение на кои ќе можеме да патуваме во следните години. Создадени со цел да ја вратат туристичката индустрија на здрави нозе, ковид-пасошите се уште се во рана фаза и претстојат голем број дебати пред истите да бидат широко прифатени. Тоа значи дека за достигнувањето на нивото на патувања пред пандемијата ќе биде потребно време.

Но, ако се уште сакате да уживате во некоја авантура без било какви рестрикции или да посетите некоја од вашите омилени дестинации, благодарение на технологијата, можете да добиете 360-степено, интерактивно виртуелно искуство на патување од вашиот дом. Се што ви треба е паметен телефон или лаптоп, или уште подобро, сет за виртуелна реалност (VR).

Погледнете ја колекцијата во Лувр

Најпосетениот музеј на светот ја постави целата своја колекција со повеќе од 480.000 уметнички дела за бесплатно онлајн разгледување. Ова значи дека можете да ја погледнете Мона Лиза одблиску од удобноста на вашиот дом.

Доколку сакате виртуелно да го посетите Лувр, кликнете ТУКА.

Уживајте во дивиот свет на Tembe Elephant Park

Tembe Elephang Park е распространет на 300 квадратни километри во регионот Мапуталенд, Јужна Африка. Како и другите национални паркови на континентот, Tembe e дом на разновидни животни, вклучително и лавови, носорози, леопарди, бафала и слонови. Постојат повеќе од 340 различни видови на птици.

Во дивиот свет на Tembe Elephant Park можете да уживате преку една камера која е поставена на стратешко место во паркот, со што значи дека постојано можете го следите однесувањето на животните одблиску.

Ако ова ви се чини интересно, кликнете ТУКА.

Посетете ја највисоката точка во Националниот парк Јосемити

Националниот парк Јосемити со сигурност ќе ве воодушеви. Распространет на повришна од 3.107 квадратни километри низ Сиера Невада планините во Калифорнија, овој парк е познат по своите водопади и камперски места. Но, подеднакво возбудливи се и џиновските секвои, долини и ливади. Благодарение на технологијата, најпознатиот национален парк во САД можете да го посетите виртуелно, а оваа тура ќе ве однесе на повеќе од 250 различни локации во паркот.

Ако сакате да се воодушевувате на оваа неверојатна природа, кликнете ТУКА.

Запознајте ги животните во зоолошката градина во Сан Диего

Една од најпознатите и најголеми зоолошки градини во светот нудеше стриминг услуги од активностите на нивните „жители“ веќе некое време. Наменети особено за децата со цел да научат за дивиот свет, околината и однесувањето на животните, камерите се поставени стратешки околу животните. Тие го доловуваат секој момент на суштествата.

Пристапот до преносите во живо, но и разните едукативни видеа е достапен ТУКА.

Патувајте во Австрија

Виртуелната 360-степена тура ве носи низ некои од најпознатите глетки во Австрија и места со неверојатно историско значење, вклучително Ледените пештери во Верфен и резиденцијата на Моцарт во Салцбург.

Започнете ја вашата тура низ Австрија со кликнување ТУКА.

Посетете го Мачу Пикчу

посетете

Ова е виртуелна тура со водич на светото место на Инките од 15-тиот век кое е под заштита на Унеско и е едно од седумте модерни светски чуда. Турата оди и до највисокото место на археолошкото наоѓалиште на врвот на Хајана Пикчу, каде е дозволено да има само 400 посетители на дневно ниво.

Започнете го вашето патешествие во царството на Инките ТУКА.

Тура во Орландо

Постојат навистина многу работи кои можете да ги направите во Орландо. Почнувајќи од музиката, преку храната, па се до забавата, овој град на Флорида нуди навистина многу. Тука се наоѓа и фантастичниот Walt Disney World ресорт и сите тематски паркови кои се дел од овој џиновски комплекс.

Турата можете да ја започнете ТУКА.

Видете го Кинескиот ѕид

посетете

Најдолгата градба направена од човекот е и еден од најголемите туристички магнети на светот. Кинескиот ѕид е заштитен од Унеско, а исто како и Мачу Пикчу, претставува едно од седумте модерни светски чуда. Дел од виртуелната тура е бесплатна, а целосната верзија чини 8 долари.

Виртуелната тура на Кинескиот ѕид можете да ја започнете ТУКА.

Посетете го Државниот музеј во Амстердам

Државниот музеј во Амстердам има долга и славна историја и во себе има некои безвременски и непроценливи уметнички дела како што е Ноќната стража на Рембрант или The Milkmaid на Јоханес Вермер, но и легендарниот самопортрет на Винсент Ван Гог.

Започнете ја вашата посета ТУКА.

Чекорете на Марс

Ако Земјата ви е премногу здодевна, посетете друга планета. Не знаеме кога сонот на Елон Маск за колонизација на Марс ќе се оствари, но дотогаш можете да ја посетите Црвената планета преку виртуелната реалност, благодарение на Curiosity Rover на НАСА кој е на оваа планета од 6 август 2012 година.

Посетете го Марс со кликнување ТУКА.

Вратете се низ времето во Ангкор Ват

Ангкор Ват е една од најголемите религиозни градби во светот. Создаден е како храм посветен на хинду богот Вишну во 12 век од страна на кралот Сурјаварман Втори. Храмот подоцна бил посветен на Будизмот. Ангкор комплексот, чиј дел е и храмот е под заштита на Унеско и е главната историска атракција во Камбоџа. Но, виртуелната тура тука е навистина необична, бидејќи ве враќа во времето. Создадено во соработка со академиците на SensiLab, Универзитетот на Тексас во Остин и Флиндерс Универзитетот, виртуелниот Angkor го реконструира храмот и околината како што изгледал во 1300-тата година.

Ако сакате да го посетите Ангкор Ват, кликнете ТУКА.