Стефан Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995. Долгогодишниот престој во Франција му овозможува да воспостави контакти со познати акварелисти, и да ја усоврши акварелната техника до перфекција.
Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим) – MDS CATALOGO INTRNAZIONALE D`ARTE MODERNA no.11 Од 2015 година e член на ДЛУМ и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во Македонија како и во странство.
Во 2018 година заедно со Ангел Димовски Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претствува Македонија на WORLD ART DUBAI во организација на Matchbox gallery Skopje, каде што истата галерија е номинира во 10 најдобри галерии во конкуренција од 42 галерии и 157 уметници.
Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјава и странство. Во неговите дела покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепиа, пастел).
САМОСТОЈНИ ИЗЛОЖБИ
2013 | Музеј на град Скопје |
2014 | НЛБ галерија, Скопје |
2014 | Народен музеј Велес (Ликовен салон) заедно со Ангел Димоски- Чауш |
2016 | НЛБ галерија, Скопје |
2017 | Галерија КО-РА „Кочо Рацин”, Скопје |
2018 | МКЦ галерија, Скопје |
Учествувал на повеќе од 30 групни изложби во Македонија и странство.
НАГРАДИ
2011 | награда за акварел во Сан Рафаел, Франција (Foires aux croutes des peintres et des aquarellistes ) |
2011 | Втора награда за скулптура од рециклиран отпад, Пакомак |
2017 | „ЗЛАТНА ЧЕТКА” од ДЛУМ на МиниАРТура |